Луксузниот автомобилски тјунер Novitec како свој проект имаат Ferrari Monza SP1 и SP2 според кој суперавтомобилите добија надградби и перформанси во сѕилот на компанијата.

Овие два автомобила кои соодветно на името доаѓаат со едно или две седишта, добиваат подобрувања, зголемувајќи го излезот на V12 од 809 КС на 844 КС благодарение на вклучувањето на нов издувен систем со високи перформанси и метални катализатори по мерка.

Издувниот систем може опционално да биде опремен со облога од чисто злато, што овозможува подобра дистрибуција на топлина, исто колку и да изгледа автомобилот апсолутно неверојатно. Спортските спирали и новиот Vossen сет од 21-инчни и 22-инчни бандажи, овозможуваат забрзување од 0 до 100 километри за 2,8 секунди и максимална брзина од 298 километри на час.

Оваа надградба не завршува тука, туку соодветно се прилагодуваат и сите детали во внатрешноста, според желбите на сопственикот, влучителни опција за кожа и алкантара.