Потрагата по нови патики, особено онлајн, знае да биде збунувачка и макотрпна работа благодарение на илјадниците модели и брзорастечки трендови. Можете да минете часови пред екраните и на крајот сите патики да ви изгледаат исто, а вие се’ уште немате ни најмала идеја што да купите. Allbirds, компанијата за производство на спортски обувки и JUST, производителите на шишиња за вода може да ви го решат овој проблем благодарение на нивната најнова соработка. Станува збор за модел на патики кои ги задржуваат класичните силуетни линии на Allbirds патиките, а ги имплементираат интензивните бели и светло сини тонови од шишињата за вода на JUST.

Allbirds

Она што ги прави поразлични овие патики е главната мисија на двете компании. Станува збор за еколошки свесни компании кои во своето производство користат исклучива одржливи материјали како волна, дрвја и шеќер.

Нивната цел е да ја намалат стапката на јаглероден диоксид, а бидејќи и двете компании шеќерот го набавуваат од Бразил, областа која неодамна беше засегната од невидени шумски пожар, од компаниите велат дека наша задача е да ја заштитиме единствената планета која ја имаме.

Средствата од продажбата на патиките од оваа соработка 100 % ќе бидат донирани во Amazon Forest Fund, фондацијата на актерот Leonardo DiCaprio за заштита на прашумите. Еден пар патики чини 95 долари.