Иако Adidas Yeezy Boost, беа едни од најпопуларните патики оваа година, на ред се Adidas Yeezy Boost 350 v2 Glow. Патиките се дело од соработката на Adidas со Канје Вест и се разликуваат од другите модели по својата флуоресцентна боја која свети во мрак.
Овој Yeezy модел се разликува од останатите по тоа што има зелена флуоресентна боја која неможе а да не ја забележите. Удобноста како препознатлив елемент на Adidas патиките е карактеристика и за овој модел.
Елегантен додаток, кога станува збор за детали, е бочната прозрачна пруга која ја имаат овие патики. Adidas Yeezy Boost 350 v2 Glow се совршен аксесоар за луѓе кои сакаат журки или прошетки ноќе. Официјално продажбата на овој модел почнува на 25-ти Мај 2019.