Воздушниот луксузен простор има нов крал. Boeing BBJ 777X од 474 милиони долари е нов владетел. 

Станув збор за најголемиот и најлуксузниот бизнис џет кој во моментов се произведува, а се очекува да полета за прв пат наредната година. 

Кабината има големина од околу 300 метри квадратни, што е поголема површина од повеќето приватни домови. Зависно од тоа колку дрво, кожа или злато посакувате во ентериерот, цената ќе варира за дополнителни 90 до 175 милиони долари. Има должина од околи 80 метри, а може да биде во воздухот до 23 часа. 

„Boeing BBJ 777X е совршен за владетели, кралски семејства или екстремно богати лица“, вели Алекс Фекту, директор на маркетинг на Boeing Business Jets. „Има доволно простор за целото семејство, за директорски одбор, за вас, кои имате желба да уживате во оброк за Мишелиновса ѕвезда, да вежбате, да играте видео игри, да држите состаноци, да се одморите и да пристигнете свежи на дестинацијата.“

Од Boeing Business Jets сè уште не откриваат кој  сè го нарачал овој воздушен мини остров и дали нечија државна каса одвоила околу 600 милиони за него. Но, ретко кој џентлмен со длабок џеб (или неговата сопруга) ќе издржи, а да не стави фотографија од Boeing BBJ 777X и шампањ на Instagram во скоро време.