Се чини дека сме далеку од сценариото од легендарниот филм Terminator во кој роботите ќе ја преземат превласта врз светот, но дефинитивно одиме натаму. Шегата на страна, по легендарниот робот наречен Spot на Boston Dynamics, кој инспирираше неколку „имитации“ од слична природа, сега и кинескиот технолошки гигант Xiaomi се пофали со својот нов робот наречен Cyberdog. Ако роботите не можат да го преземат светот, сепак би можело наскоро да ги има во домовите насекаде.

Како што може да се забележи во видеото во прилог, Cyberdog е мошне сличен со Spot кога станува збор за изгледот, но е помал и зависно од перцепцијата, или е попријатен или позастрашувачки. Во секој случај роботското куче на Xiaomi го привлекува вниманието.

Но, колку и да делува интересно, Cyberdog исто така е и збунувачки. Имено, целта на овој Xiaomi робот не е јасна. Во соопштението, компанијата го нагласи open-source карактерот на дизајнот на машината и потенцираше дека ќе лансира само околу 1.000 единици првично наменети за Xiaomi фановите, инженерите и роботските ентузијасти. Компанијата се надева дека првите корисници ќе го подобрат развојот и потенцијалот на ваквиот тип роботи.

Замислен како роботско милениче на иднината

Се чини дека Cyberdog е замислен да се користи како милениче повеќе од било што друго. Xiaomi ги нагласи неговите „квалитети на милениче“ во прес соопштението. А иако можеби ги нема истите флуидни движења како Spot, дефинитивно се чини како многу поразновидно отколку било кое претходно роботско куче.

Всушност, Xiaomi тврди дека Cyberdog е доволно пргав да прави акробации, има пристојна брзина движење која грубо одговара на човечкото одење и реагира на гласовни команди. Опремен е со широкоаголен објектив за целосна визуелна острина и има сензори за допир и GPS способност што му овозможуваат приближно исто ниво на автономија како и вистинско куче.

Xiaomi јасно се надева дека со третирање на еволуцијата на својот Cyberdog како open-source проект, дозволувајќи му на секој нов сопственик да додаде функционалност преку софтвер и комбинации на команди, ќе ја зголеми популарноста на технолошкото милениче.

Xiaomi Cyberdog

Со оглед на тоа дека ќе се продава за 1.540 долари кога ќе стане достапно за јавноста, тоа ќе биде мошне скапа играчка, но дефинитивно ќе биде многу поевтина и ќе има поголема иднина од неговиот „ривал“ Spot кој чини 75.000 долари.