Louis Vuitton се лансираше во стратосферата на часовничарството. Tambour Curve Flying Tourbillon Poincon De Geneve е нивното најново, високо еволвирано ремек-дело.

Louis Vuitton влезе во светот на часовниците пред само 18 години, но брендот веќе помина голем пат. Раната стратегија беше да се развие бизнисот околу необичната форма на куќиштето. Оттаму и називот Tambour, кој стана жилата на умерено растечкиот репертоар на компликации, иницијално предизвикани од движењата испорачани од производителите на часовници кои се во сопственост на LVMH, вклучително и Zenith.

Сето ова се промени во 2011 година. Тогаш LV го купи експерименталниот производител на часовници од Женева, со кого веќе соработуваше на нивниот Spin Time. Основан од страна на поранешниот часовничар во Patek Philippe и Gerald Genta, Мишел Навас и неговиот бизнис партнер, Енрико Барбасини, La Fabrique Du Temps е мала работилница која ги лансираше часовниците на Louis Vuitton во стратосферата на часовничарството. Притоа, овозможи некои од парчињата на LV да добијат Geneva Seal статус. Последен во низата е целосно новиот Tambour Curve Flying Tourbillon Poincon De Geneve, кој за Навас претставува посебно достигнување.

Louis Vuitton

Подвлекувајќи ја блиската врска меѓу модната куќа и ателјето од висока класа, скелетираниот летечки турбион е преместен од својата традиционална позиција од пределот на шест часот, на девет часот за подобро да ја смести отворената плоча и црниот мост третиран со NAC кој го прикажува логото на LV куќата.

Цветот со стил кој потсетува на иконскиот монограм го формира кафезот на самиот турбион. Развиен и произведен од страна на самата куќа Le Fabrique Du Temps, калибарот на LV 108 со движење на рачно навртување трае до 80 часа. Секако, има Geneva Seal, што е видливо на шест часот.

Опремен со црна гума или црно или сино алигаторско и гумено ремче, Curve дефинитивно е еволуција во однос на оригиналната Tambour форма. Но, функционалноста на „Carbostratum“ користен во конструкцијата е она што најмногу го возбудува Навас. „Надворешното куќиште е кован карбон, но со „рандом“ слоеви, со што секое куќиште е уникатно… Навикнати сме да работиме со розево злато, жолто злато, платина. Затоа, интересно е да се мешаат нови технологии и да се почитува наследството на високото часовничарство“.

Louis Vuitton

Куќиштето

Препознатливото Tambour куќиште добива буквален пресврт со облик инспириран од Möbius loop – математички поим за неориентирана, еднострана лента.

Спецификации

Благодарение на својата карактеристична форма, часовникот со дебелина од 12,75 милиметри има дијаметар од 46 милиметри во основата и 42 милиметри во рамката.

Материјал

Carbostratum се произведва со раслојување на 100 листови на карбон по случаен избор. „За мене, карбонот секогаш изгледа студено. Но, начинот на кој се произведува прави тој да добие ‘топол’ изглед, како темно дрво“, вели часовничарот Мишел Навас.