Моделот кој беше претставен пред пет години не ги задоволи очекувањата на љубителите на брендот, а исто така и креаторите. Новиот Apple Mac Pro, кој е долгонајавуван има далеку подобри перформанси, со кои од компанијаат се надеваат дека ќе ги задоволат барањата на најголемите компјутерџии.

Mac Pro

Овој Mac Pro поседува Intel Xeon процесор, кој има 28 јадра, осум интерни PCI Express слотови, Radeon 580X графичка карта и системска меморија со капацитет од 1.5 терабајт. Куќиштето е од нерѓосувачки челик, со индустриски дизајн. Со куќиштето се добива и 6K LCD екран, за кој купувачите треба да доплатат 999 долари доколку сакаат професионален држач за мониторот.

Цената на ова неверојатно парче е 6.000 долари