Jeep стана најновиот производител на автомобили, кој се одлучи да се позанимава со е-велосипеди, а најавата за овој потег американскиот бренд ја направи преку реклама на Супербоулот одржан минатиот месец. Jeep на овој проект соработуваше со производител на вакви велосипеди, комапанијата QuietKat.
Американскиот бренд не сакаше да открива ништо за електричниот велосипед, но QuietKat на својата официјална веб-страница открил неколку детали за новиот велосипед. Во описот се вели дека влосипедот има мотор од 750 вати и опсег од 64 километри со едно полнење.
Велосипедот го придвижува мотор, изработен од страна на кинеската компанија Bafang, која со врвна батерија за е-велосипед од 52 волти, издвојува максимална моќност од 1600 вати.
Треба да се почека Jeep и официјално да ги открие сите спецификации и други детали, за кои се очекува дека ќе појават пролетва, пред електричниот велосипед да го лансира во јуни, но се очекува ова да биде популарно превозно средство, кое многумина би посакале да го имаат. Велосипедот е достапен за нарачка од 1-ви Март. А официјално продажбата ќе започне во јуни годинава.