Apple за прв пат по 33 години одржа историска онлајн екстраваганца со понуди кои се изградени за сегашноста но со поглед на иднината. Apple WWDC 2020 откри многу работи поврзани со понудите на брендот, од кои може да се каже дека некои се очекуваа додека некои навистина изненадија.

App Library на iOS 14- алатка со која нашите апликации би биле организирани. За да се олесни овој процес, оперативниот систем ќе има нов, подобрен пребарувач со авто филтри и можност за предложување на апликации според неодамнешни пребарувања.

Digital Keys– наскоро ќе можете да го користите вашиот iPhone како клуч за вашиот автомобил, едноставно само со допир на рачката. Сите функции на еден дигитален клуч ќе бидат достапни, од можност за доделување на пристап до стартување и контрола на кабината.

Widget– порталите за брз пристап и меурчињата за информации сега ќе бидат поинтересни и нема да изгледаат толку стандардизирано. Ќе има можност за менување на големината, формата и различно визуелно искуство и прикажување на информациите.

Picture mode– сега веќе нема да мора да ви биде отворена YouTube апликацијата, бидејќи Apple воведува режим „Слика во слика“ каде што можете да имате видео-виџет кој лебди наоколу додека вие работите нешто друго на вашиот смартфон.

Siri– сега може да одговара на многу покомплексни прашања, дури и да ви објасни. На пример прашајте ја колку долго треба да ја печете тортата и таа ќе ви одговори.

Apple

App Clips– ова значи правење на in-app активности надвор од потребната апликација. На пример инстант плаќање, нарачка на оброк од ресторан…

Scribble– за оние кои постојано фаќаат белешки на било кое место кое им се наоѓа при рака, но достапна само на iPad. Со Apple Pencil можете да напишете што сакате, кој автоматски се претвора во текст, згора на тоа детектира телефонски броеви, e-mail адреси…

Audio на AirPods Pro– станува збор за искуство со безжичен звук, кој инспириран од кината, создава хипер реалистичен опкружувачко звучно искуство. Користејќи го својот жироскоп AirPods Pro ќе го следи движењето на вашата глава и соодветно ќе го прилагоди звукот.

Apple Silicon– Apple ќе гради свои чипови за своите компјутери, што значи дека завршува долгогодишно партнерство со чипмејкерот Intel. Ова овозможува да се добие помоќен и енергетски ефикасен систем кој работи повеќе како мобилните уреди на брендот.

Face sharing на Apple Watch- изгледот на дисплејот на паметниот часовник на брендот беше дискутабилен проблем, поради фактот дека некои сакаат минималистички и елегантен изглед, додека други преферираат смело со детали. Сега можете да го прилагодите тоа лесно, а добивате и можност за споделување на вашиот концепт со пријателите.

Dance training mode на Apple Watch- покрај тренингот, отсега и танцот и јогата ќе се сметаат за активност. Со новата апликација ќе се анализираат ритмичките движења и брзината на чекорите.

Apple Watch– ќе следи колку често ги миете рацете. Може звучи смешно, но едноставен детал кој е многу битен во ова време.