Не зборуваме за тоа дали вие ѝ обрнувате внимание на партнерката или таа вам. Фокусот е ставен на растројството на дефицит на внимание со хиперактивност.  (attention deficit/hyperactivity dissorder – накратко: ADHD).

Кога луѓето ќе слушнат растројство на недостаток на вниманието, веднаш помислуваат на децата. Вообичаено тие се оние кои не можат да издржат седење во клупа 45 минути. Токму на децата се тие на кои една играчка им станува здодевна после првите 5 минути и кои прават една работа, додека гледаат скроз на страна. 

Но, голем број возрасни луѓе живеат со ова растројство. Дел од нив се и недијагностицирани. За многумина е тешко да се концентрираат на една задача или да одржат целосен разговор. Едно истражување открива, што се случува со луѓето со ова растројство меѓу чаршафите, зад затворените врати во спалните соби.

Како функционираат во кревет луѓето со ADHD? 

Психологот Ари Такман извршил истражување со прашалник. Неговиот прашалник содржел 72 прашања. Секое прашање било поврзано или со сексуалното или со задоволството од врската кај парови во кои едниот партнер има ADHD. Повеќе од 3000 испитаници го одговориле неговиот прашалник. 

Еден од податоците кои произлегле од истражувањето е дека луѓето со ADHD имаат поголем сексуален нагон од оние без. Според истражувањето, луѓето со ADHD многу почесто бараат секс. Тие мастурбираат многу почесто, гледаат повеќе порно филмови. Имале повеќе сексуални партнери, имаат желба за необврзувачки немоногамни врски.

Според Такман, луѓето кои сметаат дека нивниот партнер вложува многу труд во совладување на симптомите од своето растројство имаат 67% повеќе секс од оние кои не вложуваат толку труд. Такман вели, дека не постои лек за ADHD. Но, советува дека постојат многу начини да се третира – лекарства, терапија.

На крајот, Такман советува, ако имате ADHD и ви значи партнерката, многу покорисно и исплатливо за вас е да вложите труд во справување со состојбата. Девојките го ценат трудот.