Климатските промени се сериозен проблем за планетата Земја, а за тоа сме виновни единствено ние, луѓето. Сепак, некои брендови се борат да направат промени. Nike веќе го има Air VaporMax 2020 Flyknit, кој е направен од најмалку 50 проценти рециклирана содржина според тежината, како и Space Hippie патиките, кои се направени од рециклирани материјали чија судбина некогаш биле депониите. Сепак, најновата креација на американската компанија ги носи работите на едно ново ниво.
Nike сега ја користи најважната споредна работа на светот за да го поучи светот дека мораме да започнеме да размислуваме за одржливост. Оваа одлука на Nike не е залудна, бидејќи фудбалот е убедливо најпопуларниот спорт со милиони и милиони гледачи крај малите екрани. Тоа значи дека големо внимание е насочено кон теренот, а американската компанија одлучи да испрати порака со дресовите кои ги направи за Liverpool, а се создадени од рециклиран полиестер.
Дресот на Liverpool е направен од рециклирани шишиња, додека претходно дресовите на Nike беа правени од целосно нова, со цел направена полиестер мешавина. Со новата одлука на Nike, милијарди шишиња ќе бидат рециклирани во нови продукти, што е навистина импресивно.
Шона Хана, потпретседателката на Nike Sustainable Innovation, вели дека фокусот на повеќе одржливи материјали сега е дневна тема за тимот. „Со оглед на тоа дека фудбалот е најголемиот спорт на светот, ние апсолутно сакавме да се осигураме дека овие принципи ќе се случуваат и на теренот исто така“.
За перформансите на играчите, Move To Zero (иницијативата на Nike за нула CO2 и иднина без отпад) е само добра работа. „Бидејќи тие се комбинација од 100-процентен рециклиран полиестер и прецизна плетка, перформансите се подобри од било кога. Дресовите сега можат повеќе да дишат, порастегливи се и поефикасно ја апсорбираат влажноста“, објасни Хана.
Одржлива иднина
Таа воопшто не се плаши од границите за дизајнирањето на одржливото. „Мислам дека моментумот и фокусот на одржливоста ќе инспирира огромно ниво на иновации во следните неколку години. Имаме голем број одлични работи кои доаѓаат и ќе видите како креираме одржлива иднина кога станува збор за сите наши продукти. Во моментов, 75 проценти од продуктите кои ги имаме имаат некаков рециклиран материјал во нив, но сакаме сите да го имаат тоа“.
Одржливата иднина на фудбалот пристигна, а Nike и Liverpool го предводат патот. А доколку сте навивач на се уште актуелниот европски првак и сакате да се подновите со ова ремек-дело од дрес, тогаш можете да си го набавите новиот револуционерен дрес на nike.com.