Доколку решивте да се подновите во 2020 година со нов уред, тогаш Samsung го имаше вистинскиот телефон за вас. На официјалниот веб-сајт на јужнокорејскиот гигант можевте да најдете осум итерации на нивната S20 серија пред да ги земете предвид за нивните Fold, Note, Z, A или M сериските уреди. На врвот дефинитивно е Galaxy S20+ BTS Edition. Но, тука фокусот е на нешто сосема друго.

Делумно благодарение на актуелната пандемија, продажбата на паметни телефони доживеа бум, што доведе до тоа да се забележи 44,6 милијарди фунти квартален приход за компанијата. Очигледно е дека годинешната Samsung S21 серија се потпира на истиот максимализам. Не само што Samsung најави три нови S21 телефони, сите тие се поклопуваат меѓу себе. Тоа прави опишувањето на нив како посебни субјекти прилично незгодно, но купувањето на еден уред е навистина супер лесно. Само треба да го изберете оној кој одговара на вашиот буџет.

1. Целосно нов дизајн

Не е којзнае какво откритие да се каже дека Samsung прави атрактивни паметни телефони. Од иновативниот Galaxy Fold 2 до луксузниот Galaxy Note 20 Ultra, навистина имавме можност да видиме голем број на естетски одлични телефони во изминатите години. Дури и според дизајнерските стандарди на Samsung, S21 серијата е навистина атрактивно парче технологија.

2. Големината на екранот прави разлика

Покрај цената, моментот според кој се разликуваат трите телефони е нивната големина на екранот и камерата на S21 Ultra.

Samsung S21 има 6,2-инчен екран, S21+ има 6,7-инчен екран, а S21 Ultra се протега на површина од 6,8 инчи. Сите нудат одличен преглед при 120Hz, a резолуцијата варира од Full HD до нешто подобриот QHD. Вообичаено, колку поголем е телефонот, толку е поголем просторот за батерија, со што S21 Ultra се одликува со џиновска 5.000 AH капацитет што треба да ги исполни очекувањата во текот на денот.

3. Голем фокус

Samsung

Тешко е на луѓето да им се продаде алгоритам, но процесирањето на сликите со помош на AI на крајот е она што ги двоеше врвните фотографии во изминатите неколку години Apple, Google, па дури и Huawei од Samsung.

S21 Ultra со својот состав од четири леќи би требало да биде доволен за навистина моќни фотографии, со оглед на тоа дека поседува побрз двоен пикселе фокус и ласерски авто-фокус, како и поголеми пиксели во своите телефотонски леќи со цел фотографиите да имаат поголема светлина. Сите овие мали промени треба да придонесат за подобри фотографии, без оглед на тоа дали сакате да фотографирате одблиску, широк агол или со зумирање. Кога станува збор за S21 и S21+ моделите, сопствениците ќе мораат да се задоволат со состав од три леќи.

4. Note карактеристики

„Голем екран со пенкалце“ долго време беше карактеристика на Galaxy Note серијата, но сето тоа сега е „украдено“ од страна на Samsung Galaxy S21 Ultra. Првиот телефон кој не е дел од Note серијата кој работи со Samsung S-Pen, ви ги овозможува Note карактеристиките, доколку доплатите за тоа задоволство. За разлика од Note телефонот, S-Pen тука се продава посебно и ќе морате да го чувате во специјална футрола на Samsung. Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за оваа опција, ова овозможува Ultra да се профилира како уред на Samsung во кој се сместени сите најдобри идеи на компанијата.

5. 5G цело време

Ултрабрзата мобилна интернет технологија е дел од новото време. Без оглед на изборот на мрежа, со новите S21 добивате 5G бесплатно унапредување и можете да очекувате дека вашиот уред ќе ја поддржува новата технологија. Секој Samsung S21 уред ќе го исполни ова, дури и стандардниот S21.

6. Моќ за „извоз“

Samsung

Одамна не се случило некој нов паметен телефон да каска со моќноста, па така ни S21 нема да биде исклучок. Напојуван од најновиот Exynos 2100 чип и со помеѓу 8GB и 16GB RAM, плус до 512GB капацитет, овие уреди се направени да можат да ги издржат и најтешките 3D игри.

7. Сепак, нема полнач

Онаму каде што Apple води, другите ги следат. Ова се случи кога џекот за слушалки исчезна, а повторно ќе се случи кога вашиот нов S21 ќе ви пристигне без полнач во кутијата. Причината за тоа е што полначите се проценува дека создаваат повеќе од 51.000 тони е-отпад годишно во ЕУ, а помали кутии за паметни телефони овозможува помали емисии при транспортот. Исто така, Samsung ќе заштеди пари од сето ова.