Ексклузивен backstage пристап за време на фотосесијата за новата Nike Air Max колекција на патики- Throwback Future Pack ни овозможи BUZZ Sneaker Station, која е лансирана на светскиот Air Max Day. Минатиот четврток во уникатниот амбиент на Клуб 1212 не пречека футуристички сет, исполнет со огледала и неонки. Кога пристигнавме сликањето се одвиваше во полн ек.
Кога ќе ги погледнете патиките од новата Nike Air Max колекција ќе Ви стане јасно зошто е одбран таков футуристички сет, и зошто како лица на кампањата се одбрани: Антонија Локвенец, Христијан Тасковски – Таско, Марио Јелиќ и Антонио Стојановски. Галактички сирења, коктели во гасовита состојба, овошни перли и кавијар во виолетова и сина боја…
Buzz подлабоко не воведе во воздушестиот свет на Nike Air Max и иднината преку молекуларно гастрономски перформанс дизајниран специјално за овој настан. Nike Throwback Future Pack е составен од 4те највпечатливи модели: Air Max 95, Air Max 97 LX, Air Max Plus и Air Max 270 – носечката силуета.
Сите силуети се внимателно одбрани од богатата историја на Air Max: започнувајќи со безвременските дизајни од 90тите, па се до најскорешните. Највпечатлив дел на оваа колекција (покрај дизајнот на самите патики) е и присутноста на иридесцентни детали, тиркизната и интензивно розевата боја, со кои се нагласуваат технологиите и се балансираат основните бои на моделите (црната и темносивата).
Во текот на оваа недела го очекуваме официјалниот старт на кампањата. Во меѓувреме патиките веќе се достапни во продажба на www.buzzsneakers.com и BUZZ Sneaker Station продавницата во Skopje City Mall.