Модни парчиња инспирирани од седумдесетите кои будат носталгија со доза на возбудлив контраст на современи трендови. Може да се каже дека колекцијата Есен/Зима 2019 на Tom Tailor содржи функционални трендови, впечатливи бои и детали кои се резултат на инспирацијата од зимските спортови на отворено, овозможувајќи студена сезона со стил.

Класичниот дизајн и висококвалитетните материјали, од волна до тексас, го дефинираат карактерот на колекцијата, а клучно модно парче во неа се панталоните со различни кроеви. Модните парчиња за претстојната сезона се шик, а воедно елегантни и префинети.

Спортските елементи создаваат стилски акценти кои нè придружуваат низ најстудените денови од годината. Во колекцијата Tom Tailor за мажи преовладува американскиот берберски стил.

Грубата кожа и цврстиот тексас го пренесуваат автентичниот и типичниот американски стил на живот. За опуштен изглед, тексас јакните одлично се комбинираат со сиви и сини фармерки. Модниот додаток со разнобоен конец додава декоративен ефект на половината.

Карирани кошули, маички и ситно плетени џемпери во шарени и впечатливи нијанси му даваат живост на стилскиот моден израз. “Слим фит“ – карираните јакни или ретро елеците создаваат уникатно “винтиџ“ чувство и се клучни за постигнување драматичен берберски имиџ.

Колекцијата Есен/Зима 2019 на Tom Tailor е достапна од јули 2019 година низ Македонија или на страницата за онлајн купување www.tom-tailor.de.