Во 2005 Bentley Motors ја оживеаја Flying Spur од 1958 создавајќи варијанта со четири врати врз база на Continental GT. Оваа година, по повод 100 години од создавањето на брендот (1919) ја претставуваат најлуксузната и најсовремената варијанта на Flying Spur досега.
Станува збор за најлуксузниот и најбрз седан со четири врати досега, благодарение на неверојатната максимална брзина од 207 mph, најнапредниот 12 цилиндричен мотор во светот и 635 кс.
Што се однесува до дизајнот, бесцелно е да се зборува. Грандиозноста и луксузот си го прават своето, а за тоа зборува и цената – 214.600 долари. Но, зарем некој некогаш се прашал дали се исплати, кога станува збор за Bentley?!