Познатите брендови Tommy Hilfiger и AAPE by A Bathing Ape лансираат заедничка колекција која вклучува поло маици, јакни, патики… и која ќе биде достапна за љубителите од 11 Јули. Иако двата бренда се познати по тексасот и „уличната облека”, оваа колекција е посветена за оние носталгични по 90-тите.

Колекцијата ги носи препознатливите и карактеристични бои на Tommy Hilfiger, палетата на црвена, бела и сина боја. Широките и предимензионирани парчиња на кои се чувствува влијанието на хип хопот од 90-тите, се украсени со A Bathing Ape’s Moon Face логото и Tommy Jeans x AAPE амблемот.

Оваа соработка помеѓу Tommy Hilfiger и AAPE by A Bathing Ape беше најавена на Инстаграм профилот на Tommy Jeans со краток клип каде се гледаат логоата на двата бренда. Инаку A Bathing Ape е јапонски бренд кој е создаден во 1993 година од страна на Nigo, специјализиран за машка, женска и детска streetwear облека, која во 2011 година беше продадена на модниот конгломерат I.T Group.