Fashion Group го започна новиот проект „Немаш што да облечеш? Купи си онлајн” на Fashion group наменет за онлајн потрошувачите. За овој проект компанијата соработува со топ моделот Катарина Ивановска.
Сите знаеме колку времето е скапоцено, па затоа Fashion Group се погрижи за потрошувачите и го започна овој проект за онлајн пазарување кое заштедува време и нуди одредени поволности.
Производите кои ќе бидат купени онлајн се спакувани во посебни кутии кои ја носат пораката „ Because your E- SPECIAL“, бидејќи секој потрошувач е посебен. Сите брендови на куќата сега можете да ги купите на едно место со што се олеснува изборот и целиот процес на пазарување.
Се што треба да направите е да ја посетите онлајн продавницата e-shop.fashiongroup.com.mk, да си ги одберете Вашите омилени парчиња и да искусите едно уникатно шопинг искуство преку новите брендирани кутии и картички за благодарност.