Roger Dubuis и Pirelli ги здружија силите и создадоа ЛЕДЕНО добар часовник во ограничено издание инспириран од перформансите на зимските пневматици на брендот. После соработката со Lamborghini, швајцарскиот луксузен производител на часовници Roger Dubuis се здружи со реномираната компанија за перформансни пневматици Pirelli за уште еден часовник инспириран од автомобилската индустрија.
Веќе познатата линија на часовници Excalibur го доби новиот претставник Excalibur Pirelli Ice Zero 2 кој оддава почит на пневматиците на Pirelli создадени за екстремни зимски услови. Конструиран од титаниум, со каиш налик на пневматиците, овој интригантен инжењерски изглед е комплетиран со 820SQ, Poinçon de Genève сертифициран скелет. Овој часовник ќе биде изработен во само 28 примероци.