Помина повеќе време откако не сме виделе супербајк со знакот на Honda, но го дочекавме и тој момент. Новиот Honda CBR1000RR-R беше претставен на првиот ден од EICMA саемот во Милано
Новиот модел во своето име доби уште едно R, затоа што четирицилиндерскиот агрегат, сега развива 215 коњски сили или 160 kW при 14,500 вртежи во минута. За разлика од своите претходници, Honda за CBR1000RR-R има изработено и нов рам кој е од алуминиум, кој го прави целиот мотор тежок само 201 килограм. Суспензијата е Showa, со предна вилушка од 43 mm и задната суспензија Pro-Link со амортизер BFRC-Light.
Кочењето на Honda CBR1000RR-R е доверено на Nissin, кој за моделот употрбил 330 милиметарски дискови на предното тркало. Најинтересно е тоа што инженерите на Honda, за овој мотор имаат вградено 200/55-17 задно тркало и 120/70-17 предно.
Исто така голем новитет на овој модел се и деловите кои се директно превземени од Moto GP моторите. Такви се на пример пластиките кои му даваат дополнителна аеродинамика (0,270) на новитетот, а покрај тие, тука е и целата електроника која му дава можност на возачот да одбере помеѓу неколку режими за управување.