2020 година ја оставаме зад нас и во 2021 влегуваме со големи очекувања и надеж дека ситуацијата со коронавирусот конечно ќе стивне и нашите животи ќе се вратат во нормала. Но, во исчекување на сето тоа, малку да ги стоплиме овие врнежливи јануарски денови со Мис Тјунинг календарот за 2021 година.

Секако, главната улога ги имаат згодните и убави девојки, а крај нив (во случај да не забележавте) се наоѓаат и неколку тјунирани автомобили, кои сепак не се во преден план. Мис Тјунинг календарот за 2021 година е изработен од страна на Tuning World Bodensee, а на истиот се наоѓаат Мис Тјунинг девојките од изминатите неколку години.

Се надеваме дека ќе уживате…