Во 1965 година, јапонскиот производител на часовници Seiko го лансираше првиот нуркачки часовник под референцата 62MAS. Во 2020 година Seiko ја слави 55-годишнината на иконскиот часовник лансирајќи ја Prospex линија.

Prospex

Всушност линијата се состои од четири часовници и тоа почнувајќи со цена од 1.000 американски долари, SPB147 доаѓа на црн ремен од силикон со кафеаво-бронзено лице со позлатени детали, SPB143 со цена од 1.200 американски долари доаѓа во стандардна сиво-црна боја со челична нараквица, моделот SPB145 има иста цена како и SPB143 но бидејќи е Seiko boutique edition доаѓа со кафеаво-сива рамка и на крај SPB149 чија цена е 1.350 американски долари кој доаѓа во ограничено издание од 5.500 парчиња има сина боја со златни детали.

Сите верзии, без оглед на референцата имаат 40,5 мм челични куќишта кои се премачкани со Seiko специјален премаз поради 200 метарската отпорност на вода, двоен анти-рефлектирачки кристален сафир, Seiko LumiBrite, Seiko 6R35 механизам. Оваа линија на луксузни часовници е дизајниран за љубителите на вода, а и за современиот маж кој ја почитува традицијата и квалитетот.