Компанијата Airbus Interiors Services има план да го редефинира значењет на првата класа, претставувајчи интересн концепт на апартман, наречен „ден и ноќ“. Во нивната визија, патниците заслужуваат да имаат удобен дел за седење и приватен оддел за спиење.
Овој концепт е поделен во две зони, специјално дизајниран за моделите авиони А350 и А380, да им се даде можност на патниците да уживаат во атмосфера која нуди комфот, сличен на оној во кој уживаат дома.
Концептот Airbus Day & Night содржи ергономска фотелја и мала работна маса во дневната секција, како и трпезариска маса и голем екран за забава. Кога ќе се почуствувате уморни, гостите можат да преминат во ноќната зона на апартманот, која е звучно изолирана и содржи удобен кревет со должина од два метри, кој Airbus го нарекува првиот вистински кревет на небото.
Оваа иновативна конфигурација изгледа како ултимативен начин на патување, нудејќи совршен баланс за одмор, работа и забава во текот на летото. Во овој апартман можете да патувате сами, или со партнер…
Сепак, за првиот лет во оваа кабина ќе мора уште малку да се почека, зашто оваа идеја и понатаму е во развојна фаза. Ќе минат од 18 до 24 месеци пред компанијата да биде подготвена да го интегрира овој неверојатен концепт во своите авиони.
Секако, концептот ќе биде достапен и на други авиокомпании.