Живееме во ера на спектакуларна визуелна комуникација и видео содржини. Старосните граници се менуваат, па младите, но и постарите одлучуваат да ги споделат своите искуства преку разни канали.

Од друга страна пак, влогерите сè повеќе ги споделуваат своите мисли, хобија, чувства, со широка публика од целиот свет преку разни платформи кои се појавија во последниве неколку години.

Додека некои од нив користат професионална опрема, сé поголем број нуркаат во светот на влогерите користејќи ги нивните “паметни“ телефони и некои паметни идеи. Истото може да го направите и вие! За вас имаме супер совети за почеток.

Samsung Galaxy S10+“Super Steady“ режим за супер стабилни снимки

Кога почнувате нешто ново, тежнеете да ги минимизирате трошоците за опремата пред целосно да се посветите на проектот или хобито. Според влогерите, при правење на снимки едно е најважно: стабилизатор на камерата.

Затоа што често може да се случи при снимање да се мрдне со раката и видеозаписот да се уништи. Токму затоа, елиминирајте ги сите неправилности со помош на функцијата “Super Steady“ на Samsung Galaxy S10+ која го калибрира видеото, ги предвидува вашите движења и го дефинира опсегот со ултра широките леќи.

Во вашите влогови нема да има повеќе ефект на “тресење на рацете“. За да го вклучите овој режим, само допрете ја иконата што се наоѓа во центарот на екранот.

Бидете креативни во секое доба од животот, создадете интересни “филмски“ моменти со функцијата за супер бавни движења

Влогерите постојано ја менуваат содржината и форматот на видеата за да привлечат публика и да ги изненадат лојалните фанови. Понекогаш разликата е во деталите, трансформирајќи го влогот од дигитална содржина во уметност. За да бидете сигурни дека нема да пропуштите ниту еден миг, доловете го моментот со вашиот Galaxy S10+ со супер бавно движење.

Со 960 фрејмови во секунда, функцијата за супер бавни движења создава прекрасни видео-содржини кои ги мамат гледачите да го забележат секој детаљ, од паѓањето на капка вода, до критичниот миг во спортскиот натпревар.

Бидете вашата најдобрата верзија со “UHD“ предна камера и дадете му личен печат на влогот

Иако има огромен број на влогови кои покриваат различни теми, сите нудат личен начин на гледање на работите. Кога блогер зборува директно на камера, сака да биде сигурен дека е во своето најдобро светло и дека камерата ги прикажува совршено неговите реакции и расположенија.

Galaxy S10+ е оптимизиран и опремен со две предни камери кои создаваат одлични моменти за вашиот влог. Моќната камера може да биде поставена во “UHD“ резолуција, нагласувајќи ги контурите и одличните детали од лицето за да ја доловат секоја емоција.

А, кога е време за ажурирање на влогот, премините помеѓу снимките направени со задна и со предна камера се толку флуентни, без притоа да влијаат врз квалитетот на видеозаписот.

Без разлика дали ќе биде забрзано или забавено, промената на темпото на видеото може да додаде нова перспектива

Функцијата “Hyperlapse“ нуди совршена можност гледачот да регистрира секвенци од видео материјалот, од еден момент до друг, дозволувајќи да го оптимизирате времето на гледање и брзо да ги менувате сцените, без “сецкање“.

Дополнително, овој ефект може да се додаде и по завршувањето на снимањето на оригиналната видео снимка, па затоа нема потреба да се грижите и да правите промени додека снимате.

Без разлика дали се работи за хоби или едноставно сакате да пробате нешто ново, Samsung Galaxy S10+ нуди интересни можности кои отвораат нови перспективи за вас. Истражете го најновиот премиум смартфон на Samsung и започнете со нова авантура!