На 18-ти Март Apple ги лансираше новите iPad Pro и MacBook Air. Компанијата со видео ги најави подобрените перформанси и промените кај двата производа. Покрај новата тастатура iPad Pro располага со двојно поголем капацитет за складирање, па така основниот модел доаѓа со капацитет од 256 GB.
MacBook Air може да се пофали со сериозно подобрена графика и тастатура која претходно беше претставена во MacBook Pro. Со лансирањето на iPad Pro, Apple ја лансираше и новата тастатура Magic Keyboard. Очигледно е дека Apple е чекор поблизу до својата цел да го претвори таблетот во замена на лаптопот. Новиот таблет доаѓа со A12Z Bionic чип, LiDAR скенер.
Продажбата започна на 18 Март преку веб продавницата на Apple, а цените почнуваат од 999 долари за MacBook Air, 11-инчниот iPad Pro се продава по почетна цена од 799 долари, додека 12,9-инчниот од 999 долари.