Nordic Business Forum претставува еден од најголемите бизнис настани во светот. Се одржува на 9-ти и 10-ти октомври во Хелсинки, Финска. Ова е десетта година по ред како бизнис лидери, извршни директори и цели компании ширум светот се собираат на едно место. На Nordic Business Forum се организираат конференции кои имаат за цел да промовираат нови идеи за подобрување на бизнис сцената, за формирање поквалитетни претприемачки вештини, за создавање стабилни бизнис лидери. 

Nordic Business Forum

Nordic Business Forum е можност луѓе ширум светот да се запознаат, да остварат професионални контакти и да учат од врвни професионалци во областа на бизнисот. 

Конференциите организирани од NBF се одржуваат во Финска, Норвешка и Шведска. Минатогодишниот Nordic Business Forum привлече повеќе од 8.000 посетители, а главниот говорник беше поранешниот претседател на САД,Барак Обама. На форумот оваа година ќе присуствуваат повеќе од 7.500 извршни директори, а се очекува настанот да привлече и повеќе од 10.000 посетители. Меѓу останатите говорници кои тимот на Машки Магазин оваа година има можност да ги следи се излагањата на Џорџ Клуни, Брене Браун, Сара Блејкли и Стив Вознијак.

Не пропуштајте ја шансата во живо да го следите Nordic Business Forum тука, каде се говорат умови кои создаваат лидери кои ќе го променат светот.