Nordic Business Forum се одржува по 10-ти пат оваа година. Настанот е динамично организиран во два дена исполнети со многу мотивација, иновација и нормално забава.

Тимот на Машки Магазин уживаше во атмосферата,  во инспиративните приказни на познати извршни директори, иноватори, лидери. Во продолжение, само фрагменти од највпечатливите случувања од првиот ден на Nordic Business Forum. 

Костас Маркидес – Innovation as a Springboard to Success

Настанот го отвори сесијата на проф. Костас Маркидес, експерт по стратегија и претприемништво на London Business School кој  одвои 45 од своето време зборувајќи за иновацијата како отскочна даска на успехот. Маркидес ја потенцираше важноста на иновациите на малите старт-ап компании и како големите компании треба да да научат како да одговорат на овие иновации.

Џулиет Фант – The Strategic Pause

Работното секојдневие се состои од безброј задачи кои треба да се завршат, па немаме време за да застанеме и да размислиме. Џулиет Фант,извршен директор на WhiteSpace at Work зборуваше дека ни е потребно да излеземе од тој шаблон на мејлови, документи, пари. Потребно е секојдневието да се состои и од такви зафатени часови, но земање здив и темелно размислување. Тоа може да бидат и неколку секунди пауза, но таа да биде искористена квалитетно – настрана од притисокот. Како еден вид полнење на батериите. Фант потенцираше дека е неопходно и малите и големите компании да го сфатат размислувањето како бизнис алатка и да вложат време и средства во квалитетното ментално паузирање. 

Параг Кана- Understanding Asia: Opportunities in the Future of Business

Параг Кана, гео-стратешки бизнис експерт и автор, можеби најмногу ја интригираше публиката која реагираше на неговото предавање на Twitter. Тој зборуваше за врската помеѓу Европа и Азија и како стануваме економски се поблиски во однос на трговијата. Иднината ја гледа во големината на Азија во бизнис светот и сите можности на иднината кои ги нуди.

Стив Вознијак- A Conversation on Creativity, Innovation and Technology

Сепак, најголема ѕвезда на вечерта можеби беше Стив Вознијак, ко-основачот на Apple. Тој ја потенцираше важноста на бизнис ориентираното размислување, на стратегијата која ќе привлече внимание и маркетингот, во смисла што треба да содржи производот, а што не. Сепак, ја потенцираше и потребата за забава и уживање во она што го правите.