Апликација која во поново време е рангирана меѓу најдобрите и доста популарна, Noom, насочен кон милениумите, дизајнирана од бихејвиористи, нутриционисти и лични тренери за да ви помогне да изгубите тежина. Со други зборови, ако сакате план за слабеење кој функционира, не ве остава да гладувате или не мора да јадете храна која што е чудна, тешко е да се најде или го троши вашето време.

Според креаторите оваа апликација има за цел да ви помогне да ги подобрите навиките на животниот стил, а нејзиното користење е доста едноставно. Се почнува со пополнување на прашалник во кој има прашања како моментална тежина, возраст, тежина кон која целите, како и навики во исхраната и начин на живот.

Всушност Noom препорачува дневен внес на калории според вашите цели, вклучително и колку брзо сакате да ги изгубите килограмите, ви овозможува пристап до тренер кој ќе ви помогне во текот на планот и ви дозволува да бирате дали вашиот фокус да биде насочен кон физичка активност, исхрана или градење добри навики. По пат тука се мотивациските четива кои не дозволуваат брзо откажување.

Популарноста на оваа апликација е подржана и од фактот дека студија објавена во Scientific Reports во 2016 година покажала дека скоро осумдесет проценти од корисниците ослабеле додека ја користеле апликацијата. Интересно е што храната се категоризира, како на пример овесните снегулки, зеленчукот и овошјето се сметаат за зелени, додека маслата и јаткастите путери се означени како црвени. Најбитно е дека мотивацијата и целокупниот пристап е индивидуален и насочен кон тоа што го сакате.