Palms Casino Resort во Лас Вегас е домаќин на апартман од 836 метри квадратни дизајниран од Damien Hirst. Најдраматичното во овој апартман е што најскапиот уметник на денешницата има вклопено аквариум со две ајкули кои се наречени Winner/Loser, но не се живи туку се потопени во формалдехид.

Овој дел од ресортот е дизајниран во соработка со Bentel & Bentel Architects и Klai Juba Wald Architects. Апартманот ќе нуди две главни спални соби и конзолен надворешен базен со поглед на Las Vegas Strip, заедно со голем салон кој може да собере над 50 лица, просторија за масажа, солена соба за релаксација, теретана и две бањи.

Покрај ајкулите во апартманот ќе се најдат и 104 камени пеперутки и 17 апчиња вметнати во мермерниот под и базенот. Допирот на Damien Hirst се појавуваат во скоро секој агол на хотелската соба, од мебел и текстил со вметнати негови дизајни, до шесте големи оригинални уметнички дела.

Цената за ноќевање во овој апартман ќе е 100.000 американски долари, а достапен ќе биде само за личности кои имаат депонирано кредит од 1 милион американски долари во одмаралиштето или за тие кои имаат да платат 200.000 американски долари за минимумот престој од две ноќи.