Bose има за цел да создаде револуција во мобилната комуникација, преку слушалките Noise Cancelling Headphones 700. Овие слушалки доаѓаат со гласовен интерфес, кој врз база на врвна, досега невидена технологија ги трансформира јавните простории во приватни. На тој начин, ви дозволува да комуницирате со своите пријатели, соработници, семејството, без никакви пречки.
Работи на принцип на изолација на корисничкиот глас од непосакуваните звуци од околината, вревата ја блорикаат 6 микрофони, а два од нив работат на подобрување на приемот на вашиот глас. Воопшто да не разговараме за слушањето музика, бидејќи искуството кое Bose Noise Cancelling Headphones 700 го овозможуваат е невозможно да се опише со зборови. Имаат и вградени опции за Google Assistant, Amazon Aleksa и Siri, а доаѓаат во црна и сребрена варијанта.