Pharrell x Adidas продолжуваат да стануваат сè подобри во нивната соработка, па како нов додаток на нивната NMD Hu линија додадоа и новина наречена Pastel. Оваа новина опфаќа бои на патиките и тоа сина, зелена, портокалова и розова боја. NMD Hu линијата се одликува со колорит кој се протега низ целата обувка, од надворешната OG гума до врвките.

Магијата на овие овие патики дефинитивно ја прави натписот „ULUNTU“ што значи „Човештво“. За сега, датумот на почеток на продажба не е објавен, но со лудата количина на Pharrell x Adidas NMD што треба да се појави оваа есен/зима, не сме премногу сигурни кога ќе ги видиме овие патики. Можеби на крајот од годинава…