Од денес, НЛБ Банка на своите клиенти им ја нуди новата услуга – NLB Pay мобилен паричник. Со оваа услуга се овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон.
NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања и дава можност банкарските обврски да се извршуваат 24 часа на ден, седум дена во неделата.
NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС- терминали во земјата и странство.
Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. NLB Pay- паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално