NIVEA е во мисија да ги минимизира, забави, намали пластичниот отпад. А тоа го направи со лансирање на прототип на својата прва станица за полнење на гел за туширање кој ќе биде поставен во одредени продавници во Хамбург и Етлинген. Машината е развиена, дизајнирана и проектирана од страна на тим инжењери во рамките на секторот за истражување и пакување на Beiersdorf.

За развој на оваа машина потребно било рабирање и дефинирање на искуството на потрошувачот и купувачот. Иако концептот на дополнување не е нов, категоријата за лична хигиена сè уште не може да се пофали со широко распространета употреба на оваа технологија.

Главна цел било карактеристично и лесно корисничко искуство, па затоа, на пример, тимот решил да користи светлина како визуелна поддршка за да ги води корисниците. Во моментов како амбалажа за полнење се користат рециклирани шишиња од NIVEA производи, што го нагласува дополнилно аспектот на одржливост. Овој проект е во фаза на тестирање кој ќе трае шест до осум месеци.