Nissan ја најави следната генерација од легендарниот Z автомобил, со „темелен модерен спортски автомобил“ кој оддава почит на 50-годишното Z наследство. Новиот Z Proto спортскиот автомобил пристигнува со светла и сјајна жолта флуоросцентна боја на надворешноста, која е користена и на оригиналниот спортски автомобил.

Но, финишот на екстериерот не е единствениот ретро „допир“, со оглед на тоа дека хаубата и ретровизорите се оригинални, додека LED светлата во форма на капки потсетуваат на JDM 240ZG од 70-тите. Автомобилот е поставен на 19-инчни тркала и има двоен издувен систем. Исто така, автомобилот се одликува со голем број на карбонски елементи, вклучително и предниот сплитер и страничните прагови.

Z Proto

Кога станува збор за димензиите, Nissan Z Proto е 4.382 милиметри долг, 1.849 милиметри широк и 1.311 милиметри висок. Со ова моделот е 127 милиметри подолг, 5 милиметри поширок и 5 милиметри пократок од 370Z. Моторот се очекува да биде позајмен од Infiniti Q60 Red Sport 400. Ова значи дека можеме да очекуваме моќност од речиси 406 КС и 474 Nm максимален вртежен момент.

Тоа би бил сериозен напредок со оглед на тоа дека актуелниот 370Z има 3,7-литарски V6 со 337 КС и 366 Nm. Nissan не откри кога продукцискиот модел ќе пристигне, но веројатно би требало да дебитира кон почетокот на следната година. Американците претпоставуваат дека цената ќе изнесува околу 40.000 долари.

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk