Nintendo и Epic Games ги здружуваат силите во еден интересен проект кој ќе ги задоволи фановите на двете компании. Овие две компании најавија нов пакет Fortnite за Switch кој ја вклучува играта како и ексклузивна тема за конзолата базирана на играта. Дизајнот Fortnite може да се види на задниот дел од конзолата и на џоистиците.

Овој Nintendo Switch Fortnite доаѓа ексклузивно со Joy-Con џоистици во жолта и сина боја. Fortnite ќе биде претходно инсталиран и ќе доаѓа заедно со 2.000 V-Bucks, како и со кодот за преземање на WildCat Bundle.

Првично ова ограничено издание на Nintendo Switch Fortnite ќе се појави на европскиот пазар на 30-ти Октомври, додека кога ќе се појави на американскиот пазар не се знае. Не се знае многу за ова ограничено издание, како на пример колку ќе чини, но многумина претпоставуваат дека ќе се продава по иста цена како и обичниот Nintendo Switch.