После скандинавските hugge, fika i lagom, редот им дојде на Холанѓаните да нè научат на некоја нивна филозофија. Оваа веројатно многу повеќе ни одговара од гореспоменатите, бидејќи има јасна и гласна дефиниција. Се нарекува Niksen, а е концепт на правење ништо.
Вклучува активности како релаксирање, талкање со умот, набљудување на околината, потполно исклучување без никаква намера да бидете продуктивни.
Niksen не вклучува ниту возење велосипед, прошетка или планинарење и социјализација до пријатели, бидејќи сите овие активности вклучуваат некаква намера. Дури и медитацијата е премногу продуктивна за да биде Niksen.
Идејата не е да бидете мрзеливи. Напротив, самите луѓе во Холандија инсистираат на тоа дека не правењето ништо не е добро за ништо.
Но, да не правите ништо понекогаш може да биде доста продуктивен концепт, особено во ужасно турбулентното и зафатено време во кое живееме. Niksen може да создаде простор во мозокот и да ја разбуди креативноста. Можеби токму затоа, во своето секојдневие, одвојте неколку секунди и не правете ама буквално, ништо!