Дизајнерот Никос Манафис го претстави својот проект bull-e, урбан електричен скутер кој е наменет првично за градски превоз. Овој скутер кој го карактеризира стил и урбана практичност е фокусира на мала брзина и растојанија. Скутерот bull-e е изработен со фиберглас со изразено чисти линии и површина на преклопување. Драматичниот изглед го прави доста посакуван, додека просторот за складирање кој го има го прави вистински практичен, градски сопатник. Неговата практичност ја истакнува и дометот од 50 километри и максималната брзина од 45 километри на час. Овој електричен скутер е достапен во ограничено издание од само 250 нумерирани примероци, од кои секоја ќе има гравирана плоча за автентичност.