Nike објави дека патиките SuperRep Cycle се дизајнирани за велосипедизам во затворен простор, во време кога кога вежбањето во затворен простор е поважно од кога било. Овие патики припаѓаат на линијата SuperRep која е наменета за тренинг, дизајнирани да одговораат на искуството за време на вежбањето.

Знаеме дека подршката и удобноста е битен момент при вежбањето, па така овие SuperRep Cycle патики со посебен лак за поддршка поставен на медијалната страна нуди поголема сигурност на нозете за време на разни комбинации на тренинзи вклучувајќи и „Figure 8s”. Мрежата на горната страна како и отворите на долната страна овозможуваат ногата да дише.

Визуелно дизајнот на патиките е доста привлечен и лесен, а што се однесува до боите освен црната и бела ќе бидат достапни и живописна неонска портокалова и розова боја наменета за жени. Во Европа овие патики се достапни од 1-ви Мај, додека на другите континенти ќе бидат достапни нешто подоцна овој месец.