Класичните патики Air Max 90 беа за прв пат создадени пред 30 години. Nike го слави овој јубилеј со ново издание на  Air Max 90.

Станува збор за лимитирано издание на класичната патика. Патиките се дело на легендарниот дизајнер на Nike, Тинкер Хетфилд, а оригинално беа пуштени во продажба во 1990. Верзијата на Хетфилд беше поудобна, помодерна и пофлексибилна од оние на неговите претходници, што ги направи Air Max 90 патиките, култно модно парче.

Најновите Air Max 90 добиваат внатрешна обнова на силуетата со оригиналните плишани облоги. Достапни ќе бидат од 21 декември.