Nike тивко ги најави новите Коби Брајант патики, кои всушност се прва соработка и по долго време и по смртта на кошаркарската ѕвезда. Од долгата линија на соработки The Mamba Fury покажува најголема сличност со патиките Mamba Focus.

Минатата недела WearTesters објавиле слики од патиките на нивиот Instagram и Youtube профил кои ни овозможија прв поглед на The Mamba Fury. Иако 2020 беше година во која Nike требаше да пушти итерација на Kobe 5 патиките, сепак тие планови беа стопирани без објава на нов датум за претставување.