Nike секога имал едноставна мисија кога станувало збор за патиките, а тоа е „пронајдете што не е во ред и поправете го“. Поради оваа мисија патиките на Nike се добро познати по своите карактеристики. Но тежнеењето кон „совршенство“ не застанува тука. Компанијата продлжува со оптимизирање на силуетата и функцијата на патиките притоа внесувајќи иновација во нив. Еве неколку начини на кои Nike ги носи патики од иднина токму сега:

Metcon 6 FlyEase- Линијата FlyEase на Nike го става фокусот на врзувањето. Всушност компанијата поттикната од битноста на лесното користење и спортистите со посебни потреби, ја создава оваа линија кога лесно се облекува и соблекува, прескокнувајќи го врзувањето во целост. Оваа функционалност беше поставена на едно друго ниво со GO Flyease која беше воведена во 2021 година и која нема воопшто врвки, така што облекувањето е овозможено благодарение на уникатната двојно-стабилна пета. Уште една карактеристика која FlyEase линијата ја има е мрежата на површината на патиките која овозможува совршено „дишење“ на ногата.

Air Zoom Alphafly Next%- Нешто наменето за подобрување на перформансите или враќање на енергијата. Независни истражувања покажале дека Air Zoom Alphafly Next% треба и можат да направат да трчате 4 до 5 проценти побрзо отколку со просечна патика. Подобрувањето на перформансите доаѓа од плочата од јаглеродни влакна која е поставена по целата должина на ѓонот, ZoomX перничињата и Air Zoom технологијата за враќање на енергијата.

Nike Adapt BB 2.0- Совршеното прилагодување на патиката на нозете штити од повреди и придонесува за зголемена стабилност. Поради ова Nike го воведе Adapt системот за самоврзување кој го прилагодува затегнувањето и олабавувањето врз основа на интензитетот на активноста. Контролирана од апликација, ги затегнува патиките со голема прецизност секогаш кога ќе притиснете на копчето, осигурувајќи се дека секогаш имате совршено вклопување. Оваа технологија беше лансирана во 2019 година, а оваа година се очекува некое поголемо изненадување во врска со истата технологија.