Nike Sportswear 2020 ја помина со список на партнери за соработка со Dunk High, а како последен за годината по се изгледа дека е Bodega. Од соработката на Nike и Bodega се доби производ од Dunk High патиките кои се одликуваат со шевови слични на мокасини. Фалејќи се со екстремно внимание посветено на деталите, ретро-затемнетиот изглед и квалитетни материјали, овие Dunk се навидум дел патики и дел мокасин.

Достапни во две бои Fauna Brown, со средни и темно кафеави нијанси на крем подлогата и Sail, со кафеава доминација. Комбинацијата на велур и кожа со сложено зашиени детали ја доловува магијата на Bodega, додека „Swoosh“ знакот како скапоценост го дава последниот сјај. Официјалниот датум на лансирање сеуште не е одреден, а за цената постојат шпекулации дека би била 120 американски долари.