Nike доминира на пазарот кога станува збор за патиките за трчање, бидејќи американската компанија во својот асортиман поседува навистина неверојатно лесно и анатомски коректни патики кои овозможуваат одличен тренинг комбинирано со мошне лесно и природно трчање.

Но, американската компанија за производство на спортска опрема ги претстави своите најнови патики кои се издвојуваат од останатите, пред се кога станува збор за дизајнот на долниот дел од чевлите. Nike Air Zoom Tempo Next% и Nike Air Zoom AlphaFly Next%, како што може да се забележи во фотографиите, долниот дел се состои од неколку сектори и на својот преден дел изгледа како да има два минијатурни ѓонови. Ваквиот дизајн е креиран со цел да обезбеди подобро распоредување на тежината, како и помеко газење по различни подлоги. Горниот дел од патиките е сличен како и кај останатите Nike патики за трчање, што значи дека е креиран од лесни и воздушно пропустливи материјали кои спречуваат потење и овозможуваат да се чувствувате пријатно за време на сите спортски активности.

Фановите долго чекаа да добијат можност да ги набават овие патики на Nike, иако дизајнот ќе се разликува од Air Zoom Vaporfly Next% моделот кој предизвика големо внимание кај јавноста поради контроверзите кои настанаа откако Светската атлетска организација ги посочи како „технолошки допинг“ кај професионалните спортисти, бидејќи влијаат далеку повеќе на перформансите кај спортистите за разлика од останатите модели.