Најпопуларните патики на брендот добија потпис од контраверзниот спортист Колин Каперник, поранешниот квотербек на San Francisco 49ers, кои се инспирирани од гласот на спортистите и неговата приказна.

Бело црните Nike Air Force 1 „True to 7″ се направени од кожа, на кои е изработена силуета на Каперник со негов потпис на аголот на потпетицата и негово лого на јазикот од патиките. Каперник во 2018 година беше претставен како ѕвезда на кампањата „Just Do It”, каде на црно-бела слика се појави под мотото „Believe in something. Even if it means sacrificing everything”.

Колин Каперник

Она што ги прави патиките уникатни е „08 14 16“, датумот на натпреварот во претсезоната помеѓу San Francisco 49ers и Houston Texans, кога Каперник за прв пат седеше за време на пеењето на националната химна, што означува почеток на неговиот протест против полициската бруталност.

Патиките Nike Air Force 1 „True to 7“ почнаа да се продаваат онлајн на веб страната на Nike ексклузивно на 23 декември, со малопродажна цена од 110 американски долари.