Land Rover Defender има важна улога во новиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд под името No Time To Die, а сега е објавена нова реклама, базирана токму на секвенци од 25-тиот 007 филм, во која се прикажува овој неуништлив кросовер во сцена со бркотници.

Defender е прикажан во акција на оф-роуд терен каде се движи со голема брзина и наидува на големи скокови, а веќе на самиот старт од рекламата, новиот Defender „полетува“ во воздух по што започнува лудата бркотница. Сцената од бркотницата во No Time To Die е предводена од каскадерскиот координатор Ли Морисон, во соработка со оскаровецот Крис Корбулд кој е супервизор за специјални ефекти и акциони возила.

„Го донесовме Defender до крајни лимити за кои мислевме дека не може да ги достигне, се со цел да се добие максимална возбуда и да им се даде на фановите поглед во бескомпромисниот предизвик за да се произведе една неверојатна сцена со бркотница која ќе може да се види во филмот No Time To Die“, изјави Ли Морисон.

Целосниот текст можете да го прочитате на www.avtoplus.mk.

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд, No Time To Die, е закажана за 31 март годинава.