Вчера на прес конференција, групацијата Parkland Hospitality Group го претстави својот нов член Next Door Park Hotel. Хотелот со 4 ѕвездици се карактеризира со храбар и урбан стил, кој со својот карактер и комбинација на милениумски дух и смелост претставува освежување за Скопје.

На прес конференцијата се обратија сопствениците и генералниот менаџер на групацијата и изјавија:

„Би сакал да го искажам моето огромно задоволство и чест што и понатаму нашите идеи, вложувања и инвестиции го поставуваат Скопје рамо до рамо со останатите светски метрополи кои се лидери во хоспиталити индустријата. Ова е инвестиција од нови 6,5 милиони евра со која што ја потврдуваме и продолжуваме успешно започнатата приказна во оваа индустрија од пред 3 години”

– изјави Енвер Малиќи, основач на групацијата Гемак,додека Алтин Малиќи,ко-сопственик во групацијата воедно главен виновник за успехот на веќе познатиот ParkHotel & Spa зборувајќи повеќе за новиот хотел додаде:

„Next Door Park Hotelпретставува еден вид канал преку кој ги имплементираме сите наши нови идеи, искуства и потреби коишто едноставно недостасуваат на нашиот град. Next Door Park Hotel е продолжение на визијата, на тој начин нудејќи им на нашите посетители поширок спектар на избор во поглед на карактер и вкусови, сето тоа преку услуга со врвен квалитет и светски стандарди“.

Хотелот се наоѓа на кејот на Вардар и располага со 64 соби и капацитет од 150 гости. Секоја соба има своја приказна и свој стил овозможувајќи им на гостите избор при сместување.

Тука е и веќе познатиот Brick Eat, кој од сега со сосема нов изглед ги следи светските трендови во секој поглед, од здрава и прикладна храна до вкусните медитерански специјалитети кои во комбинација со модерен ентериер се искуство што мора да се доживее.