Светот изобилува со креации која ги создала природата, но исто така и со креации кои се создадени од човекот. Скоро секој град во светот има своја креативна скулптура која може да Ве остави без здив. Направени од различни материјали, секој со своја приказна е креација на уметникот.

Додека првите скулптури имале за цел да ги величат Боговите, познатите и богати луѓе, воени лидери и генерали, модерната уметност може да се пофали со прекрасни апстрактни дела. Главната цел на скулптурата денес е јавна уметност – нешто што е естетски пријатно и додава боја и емоции дури и на најздодевните области на градовите.