По повод 50 годишнината од мисијата Аполо 11 и првото слетување на човекот на месечината,наменета за љубителите на пури S.T.Dupont создаде два неверојатни колекционерски примероци, запалки со неверојатни детали.

Овие изданија кои се рачно изработени, произведени се во лимитирано издание. За подобра илустрација на Аполо колекцијата мора да се каже дека вселенското летало Аполо 11 е создадено од три дела: командниот модул Колумбија, сервисен модул и лунарниот модул познат како LM.

S.T.Dupont

Од овие три модули, командниот модул и лунарниот модул се реплицирани во минијатурна верзија како индивидуално нумерирани единици од единаесет примероци.

За изработка на секоја минијатура биле потрошени повеќе од 500 часа работа. Покрај единаесетте модули кои се произведени и чинат по 38.000 долари во понуда има и 69 нумерирани запалки без модули кои ќе чинат по 5.500 долари.