Актерот Том Харди е познат по неверојатните трансформации и претходно. Тој за улогата во филмот „Band Of Brothers” имаше ослабено, додека за улогата Bane во филмот „The Dark Knight Rises” мораше да набилда мускулна маса. Но се чини дека тоа не е проблем за актер како него.

Од трејлерот може да се каже дека за оваа улога на славниот гангстер Ал Капоне во филмот Capone, актерот се има опуштено, како што и прилега на улогата. Харди го играл мафијашот во последните денови, по десетгодишен затвор, кој од прилично двосмислениот трејлер, се чини дека тој како да се бори со своето насилно минато.

Филмот е во режија на Џош Тренк, кој е познат по филмот Fantastic Four од 2015 година. Во Capone покрај Том Харди ќе ги видиме и Линда Карделини, Кајл Меклахлан, Мет Дилон, Џек Лауден и Нил Бренан. Премиерата е закажана за 12-ти Мај.