Себастијан Еразурис е чилеански дизајнер, уметник и претприемач кој во 2017 година го основа студиото Cross Lab во Њујорк, кое ги меша уметноста, технологијата, дизајнот, истражува алтернативните идеи и влијанието на новите технологии со цел да им помогне на организациите, институциите и брендовите. Овој дизајнер доби меѓународно признание за неговите оригинални и провокативни дела.

Доста големо внимание привлекуваат неговите дела направени од дрво бидејќи дел од нив имаат интересно потекло. На пример BILBAO TREE SHELF е парче мебел кое го добива своето име по улица во Сантијаго каде уметникот пронашол падната гранка од дрво, на која Себастијан и дава нов живот. TREE COFFEE TABLE всушност е парче софистициран и функционален мебел кое е направено од дрво од Јужна Америка.