Споделувањето е добро, велат. Но, не и од Netflix. Тие не се многу воодушевени од навиката која нивните корисници си ја стекнаа ширум целиот свет. Споделувањето лозинки не е во корист на телевизискиот гигант. Неодамна во едно интервју, Грег Питерс од Netflix, изјави сервисот активно бара начин да му стави крај на споделувањето лозинки. 

Netflix

Според правилата за користење на сервисот „услугите на Netflix и сета содржина гледана преку сервисот, се ваши лични за користење и наменети исклучиво за некомерцијална употреба и не треба да бидат споделувани надвор од вашето домаќинство.“ 

Иако не е стапена во сила агресивна политика во однос на лозинките, Питерс вели дека постојано го набљудуваат споделувањето лозинки и се обидуваат да пронајдат начин со кој нема да ги изгубат корисниците. 

Netflix

Корисниците имаат право да користат до 5 уреди поврзани со истата лозинка, што во теорија значи дека 5 лица на 5 различни локации може да ја користат истата лозинка за Netflix. Основниот пакет чини 8.99 долари и му дозволува на корисникот да гледа Netflix само на еден уред во дадено време. Стандардниот пакет чини 12.99 долари и дозволува два уреди истовремено, а премиум пакетот чини 15.99 долари и дозволува четири уреди истовремено.